Dark Mode Light Mode

Едвај чекам да ја изберат владата, па да дојде милијардата евра инвестиции

Денеска ќе почне расправата за избор на новата влада. Што да очекуваме од неа? Па според најавеното – многу пари, фина иднина, немање корупција, средено судство…

-Едвај чекам да ја изберат владата па да почнат да доаѓаат странските инвестици кои сигурно исто така чекаат на граница, коментира Горан З. на Фејсбук.

Странски инвестиции од најмалку милијарда евра, јавни инвестиции од 2,2 милијарди евра се наведени во програмата на новата влада што се очекува да биде избрана викендов. Ова како што потенцираат ќе го реализираат во наредниот четиригодишен период.

Реклама

За вакви милијарди слушавме и во предизборниот период. А за вакви милијарди слушавме и на многу избори и во многу владини програми претходно. Граѓаните уште ја паметат првата „милијарда“, онаа која во 1988 ја вети тогашниот лидер на ДА Васил Тупурковски, и која требаше да дојде од Тајван. Милијардата не дојде. Ама затоа и на следните избори доаѓаа ветувања за милијарди инвестиции. Епилогот на сето тоа најчесто беа неколкуте стотици милиони евра дојдени како инвестиции и за кои нашата држава даваше големи погодности.

Дали приказната се повторува и сега? Дали граѓаните одново добиваат голи ветувања без какви и да е гаранции дека инвестициите се веќе договорени и сигурни? 

Заев уверува дека овој пат ќе биде така како што е ветено…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Почнува расправата за избор на новата влада

Next Post

Возило удри во бетонски столб во Штип, повредено седумгодишно дете

Реклама