Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ не предложува свој потпретседател на Собранието, што ќе прави СДСМ?

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи свој кандидат за потпретседател на Собранието меѓу петте колку што треба да има македонскиот парламент. Ова синоќа го соопшти генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и додаде дека уште од старт биле против тоа да има пет потпретседатели.

-Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави. Впрочем ако видиме во минатото никогаш не било вака, дополнително само ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, а најголем од тие дури и да ги имаме пет потпретседатели никогаш нема да седнат на спикерското столче, рече Јанушев.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа и како одговор на изјавата на лидеродт на СДСМ и мандатар за новата влада Зоран Заев кој неодамна изјави дека тие нема да предложат кандидат ако и ВМРО-ДПМНЕ се откаже од потпретседател.

Реклама

-Нека се откаже ВМРО-ДПМНЕ од свој претставник за потпретседател на Собранието, ќе се откаже и СДСМ и, еве, ќе има три потпретседатели. Но, Деловникот вели дека најголемата опозициска партија има еден потпретседател, рече Заев.

Неодамнешното изгласување на одлуката парламентот да има петмина потпретседатели предизвика реакции во јавноста. Тоа се непотребни трошоци и само се задоволуваат коалициски апетити врз грбот на народот.

Сега останува да видиме што ќе направи Заев и СДСМ, но и другите партии во парламентот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Денеска се празнува Голема Богородица - заштитничката на Скопје

Next Post

Возете внимателно, во првите шест месеци од годинава во сообраќајки загинаа 43 лица

Реклама