Dark Mode Light Mode

Двајца починати, 130 новозаразени и 152 оздравени пациенти од вирусот

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1742 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на ковид-19, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук. Најголем број на новозаразени има во Скопје – 30, а потоа следат Куманово 6, Штип 13, Прилеп 5,Тетово 13, Струга 4, Битола 3, Охрид 6, Кавадарци 2,Гостивар 18, Струмица 1, Пробиштип 2, Берово 1, Виница 5, Делчево 4 и Кичево 7.

Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (70г.) и еден пациент од Штип (75г.), се наведува во објавата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 152 оздравени пациенти од: Скопје 87, Куманово 18, Штип 14, Прилеп 2, Тетово 6,Битола 4,Гостивар 9,Македонски Брод 1,Кичево 5 и Ресен 6.

Реклама

Досега во земјата се направени вкупно 128.938 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12970, бројката на оздравени пациенти е 9513, на починати е 549, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2908, информира Филипче.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ќе тргне ли на поарно со новиот в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“?

Next Post

Настава од прво до трето одделение во школите, но ќе има исклучоци

Реклама