Dark Mode Light Mode
Пронајдено обесено момче на кејот на Вардар во Ново Лисиче
СДСМ за средбата Николовски – Груби: Имавме конструктивна дискусија, програмските определби и принципите на евентуалниот коалициски договор да се испорачаат во целост
Уште 10 пациенти од Геријатрија позитивни на Ковид 19

СДСМ за средбата Николовски – Груби: Имавме конструктивна дискусија, програмските определби и принципите на евентуалниот коалициски договор да се испорачаат во целост

Генералниот секретар на СДСМ Николовски и Артан Груби, висок претставник на ДУИ имаа конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани на Република Северна Македонија за мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и регионот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба.

Разговаравме за парламентарно мнозинство и за коалиција за полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Потврдивме дека немаме друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија.

Реклама

Посветени сме за просперитет и долгорочна стабилност на Северна Македонија.

Целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.

Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротиставиме на сите форми на национализам и омраза.

Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ.

Согласни сме дека се неопходни квалитетни, одговорни и отчетни кадри предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципите на евентуалниот коалициски договор.

Потврдивме дека партиите се согласни на прочистување на правосудството и на проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе биде договорен.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пронајдено обесено момче на кејот на Вардар во Ново Лисиче

Next Post

Уште 10 пациенти од Геријатрија позитивни на Ковид 19

Реклама