Dark Mode Light Mode

Пендаровски со честитка за Курбан бајрам: Да им помагаме на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до в. д. поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија.

Во продолжение ја проследуваме честитката.

„Имам особено задоволство и голема чест, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Курбан бајрам.

Реклама

Посакувам овој голем празник да ни донесе среќа, радост, љубов и бериќет, и како празник на дарувањето и на солидарноста да нè инспирира да им помагаме на сите оние на кои им е потребна материјална, но и духовна поткрепа. Милосрдието и човекољубието нека бидат дел од нашите животи не само за празничните денови, туку и низ целата година. Да продолжиме искрено и суштински да споделуваме со нашето семејство, со нашите пријатели и со целата заедница.

Денес кога целата човечка цивилизација е соочена со пандемијата со Ковид-19 како никогаш досега мораме да покажеме заедништво и слога и сплотени да излеземе како победници. Верувам дека токму со силата на молитвата и со љубовта ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме на личен и колективен план.

Во согласност со традициите на заемно почитување и уважување, да се грижиме и да помагаме безусловно на сите наши сограѓани не водејќи сметка за етничката, религиозната или идеолошката припадност. Да продолжиме да го градиме и да го чуваме нашиот заеднички дом, Република Северна Македонија.

Ви упатувам најискрени желби за добро здравје, радост и благосостојба“, се наведува во честитката на Пендаровски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СЗО: Постепено укинување на ограничувањата за патување, поставете приоритети

Next Post

Водовод со апел до скопјани: „Воздржете се од полнење базени и полевање бавчи“

Реклама