Dark Mode Light Mode

Донација од дронови и термална камера за потребите на Град Скопје

Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП) донира два дрона, од кои еден со надградба и една термална камера, за потребите на Град Скопје.

Донираната опрема, која е во вредност од 1.619.345,00 денари, ќе биде користена за реализација на предвидените активности опфатени во Проектот за урбана отпорност на Град Скопје, како и во рамки на работните обврски на Секторот за инспекторат.

Промањето на донацијата од Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП) денеска ќе биде дел од дневниот ред за кој ќе расправа Советот на Град Скопје, во рамките на својата 53. седница.

Реклама

Покрај оваа донација, Советот на град Скопје на денешната седница ќе расправа и за одлуката за примање донација од ГЕИНГ „Кребс унд Кифер интернешнл“ и др. ДОО. Со оваа одлука Градот Скопје прима донација – Физибилити сообраќајна студија за паркирање на подрачјето на Град Скопје со централно градско подрачје.

Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за Програмата за дополнување на Програмата за управување со отпад на подрачјето на Град Скопје за 2020 година, а ќе расправа и за поголем број одлуки, меѓу кои за одлуката за aвелирање на меница издадена од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради долгорочно кредитно задолжување на претпријатието во „Комерцијална банка“ АД Скопје; Одлуката за давање дозвола за вршење дејност паркирање на „Тинекс МТ ДООЕЛ експорт импорт Скопје“; Одлуката за донесување  регулациски план на Генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година, за четврт С 15.

Покрај овие одлуки, Советот на Град Скопје денеска ќе расправа за поголем број точки поврзани со работата на градските јавни претпријатија, каде што ќе расправа за одлуката за давање согласност на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП Скопје, Скопје, за период јануари-март 2020 година; како и за полугодишниот извештај за работата на ЈП „Лајка“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Обвинителството влезе во ДИК, се истражува набавката на софтверот за изборните резултати

Next Post

Состојбата на Талат Џафери е стабилна, велат од неговиот кабинет

Реклама