Dark Mode Light Mode

Девет починати и 137 нови случаи на коронавирус во Македонија

Девет лица починаа, а потврдени се 137 нови случаи на коронавирус во Македонија во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

Тројца починати пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар.

Направени 1.542 тестирања, а најголем број од новите случаи се од Скопје – 60, Штип – 16 и 13 во Куманово.

Реклама

Во Дебар – 5, Прилеп 3, Тетово 7, Велес 3, Битола 5, Гостивар 11, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар, Виница, Струга и Охрид по еден нов случај, во Свети Николе 3 и Кичево 5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 94.092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.934, бројката на оздравени пациенти е 5.357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Општина Центар затвори градилиште, Борис Стојменов градел без дозвола

Next Post

Жена почина по пад од тераса на семејна куќа

Реклама