Dark Mode Light Mode

ЗНМ ги осуди нападите врз Мирослава Бурнс и Љупчо Златев

Здружението на новинарите на Македонија ги осуди заканите кон новинарите Мирослава Бурнс од Слободен печат и Љупчо Златев од Лидер.

Бурнс во текот на вчерашниот ден добила низа закани на својот личен профил на Фејсбук, поради објавување на текст за свадба која се одржала во Тетово, укажувајќи дека тоа е спротивно на законската регулатива која се однесува на борбата против епидемијата со Ковид-19.

„Бараме од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да превземат дејствија за откривање на лицата кои стојат зад профилите кои се заканиле на новинарката и да ги изведат пред лицето на правдата. Објавувањето на вакви и слични престапи од јавни собири преку кои може да се загрози јавното здравје е од јавен интерес и новинарите во никој случај не треба да добиваат закани по својот живот поради откривање и обелоденување на ваквите групни собири“, велат од ЗНМ.

Реклама

Здружението на новинарите на Македонија го осуди и нападот кој се случил вчеравечер во еден скопски локал врз новинарот и уредник на Лидер, Љупчо Златев.

„Бараме од Министерството за внатрешни работи итно да ги истражи мотивите за нападот како и лицата кои биле вклучени во инцидентот. Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство само преку брза постапка ќе покажат дека постои волја за расчистување на случаи во кои има напади врз новинари. Со тоа ќе се придонесе кон обесхрабрување на идни напади, а и ќе се подобри степенот на безбедност на новинарите и медиумските работници“, велат од ЗНМ.

Сите видови на притисоци и закани кон новинарите и медиумските работници, додаваат од таму, негативно се одразуваат на слободата на изразување и креираат ефект на самоцензура.

„Очекуваме од идната влада сериозно да се зафати со креирање на безбедна работна средина за новинарите како еден од најважните предуслови за слободно новинарство“, велат од ЗНМ

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Хакирана и веб-страницата на Министерството за образование

Next Post

Шестмина починати и 129 нови случаи на коронавирус во Македонија

Реклама