Dark Mode Light Mode

Сончево и топло со температура до 37 степени

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 29 до 37 степени, информира УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени.

Реклама

Утре и в сабота во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни. Во почетокот на наредната седмица се очекува сончево и многу топло време

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Засега нема најава за рестриктивни мерки, надлежните велат дека ситуацијата е под контрола

Next Post

Министерот за економија позитивен на коронавирус

Реклама