Dark Mode Light Mode

Како ли успеал да напика 211 мигранти во камион кај Гевгелија?

Спречен шверц со мигранти во Македонија. Имено, синоќа во атарот на селото Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција забележале товарно возило со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од селото Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Граѓаните пак побараа „Правда за Кољо“, го слушнаа ли тоа судиите и власта?

Next Post

На повеќе од половина скопјани автомобилот им е основно средство за превоз

Реклама