Dark Mode Light Mode
Додека го чекаме новиот: Подобрен е дел од инфраструктурата на Клинички
Најмалку 30 лица се наведени во кривичните пријави на Боки-13, бара вклучување на меѓународни институции
165 новозаразени од вирусот, починале 7 пациенти

Најмалку 30 лица се наведени во кривичните пријави на Боки-13, бара вклучување на меѓународни институции

Имиња на најмалку 30 лица се наведени во кривичните пријави кои неодамна и денеска ги поднел Бојан Јовановски Боки 13, кој веќе е осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“. Јовановски денеска повторно беше во Основното Јавно обвинителство на Скопје каде продолжил со поднесување на кривичните пријави.

Против кои лица се поднесени пријавите неговиот бранител адвокат Сашо Дуковски денеска не соопшти.

-Поради сериозноста на наводите во кривичните пријави од страна на пријавувачот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права. Посебно на најрелевантните светски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија заради содржината на тоа што се изјавува, изјави Дукоски.

Реклама

Тој додаде дека пријавите се поткрепени со писмени и вербални докази, а неговиот клиент е подготвен и да сведочи доколку се започне постапка по наводите во пријавата.

-До сега се поднесени седум-осум пријави, но тоа ќе продолжи и во наредните денови. Ече бранителот.

Минатиот пат беше соопштено дека тие се поднесени против функционери, бизнисмени, доктори, заради злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура… 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Додека го чекаме новиот: Подобрен е дел од инфраструктурата на Клинички

Next Post

165 новозаразени од вирусот, починале 7 пациенти

Реклама