Dark Mode Light Mode

Шилегов на 17 јуни: „Лајка“ се отвора за една недела; Шилегов на 2 јули: „Лајка“ се отвора за кратко време

Kучиња скитници касаат и плашат луѓе низ Скопје. Решение е најавеното ЈП „Лајка“ каде соодветно ќе се згрижат животните. Но кога ќе биде готово, одамна се гради?

На 17 јуни скопскиот градоначалник Петре Шилегов го најави отворањето на стационарот „Лајка“ за една седмица, односно отприлика на 24 јуни. Тогаш рече дека имале мал застој во доопремувањето ама и Ковид 19 ги пореметила плановите… Сепак „се било ставено под контрола“ уверуваше тогаш Шилегов. Но, денеска сме 3 јули, од „Лајка“ нема ни „Л“.

За некои медиуми Шилегов вчера пак го дал истото објаснување од 17 јуни, само не кажал зошто не ја зборувал вистината тој ден, како и многу пати пред тоа кога беше прашуван за „Лајка“. Исто така, последната најава на Шилегов се однесува за неодредено време:

Реклама

– Реконструкцијата и доградбата на стационарот е во финална фаза и треба да почне со работа во кратко време за жал, овој процес малку се одолговлекува поради пандемијата со Ковид-19, објаснуваат од неговиот кабинет.

Градот односно неговиот прв човек секогаш имаа логични оправдувања за нестартувањето на „Лајка“, но сега веќе се зборува за точни датуми на отворање па како се наближуваат тие така се смислува нова дата.

-Зарем надлежните мислат дека ние сме со куса меморија?! Тоа е најголемата грешка на политичарите, толку се чувствуваат моќни што не разбираат дека народот може да ги казни, како? – па на избори, коментираат скопјани на социјалните мрежи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Опожарено „Ауди 4“ во сопственост на Владата

Next Post

Авторите на бајки можат да се пријавуваат на конкурсот за „Современи бајки од Македонија“ до 17 август

Реклама