Dark Mode Light Mode

Тимот од „Медена земја“ доби покана за членство од Американската академијата за Оскар

Тамара Котевска, Љубомир Стефанов и Атанас Георгиев,тимот од „Медена земја“ добијаа директна покана за членство во Американската академија за филмски уметности и науки која ја доделува најпрестижната награда во светот Оскар.

Инаку академијата покани вкупно 819 филмски професионалци за нови членови. Тие кои што ќе го прифатат членството, во случајот Котевска, Стефанов и Георгиев ќе имаат можност да гласаат во изборот на следните добитници за наградата Оскар.

„Медена Земја“ оствари историски успех за земјава со двете номинации за Оскари, во категориите за најдобар странски филм и најдобар документарен филм. Истовремено македонскиот филм стана единствен документарец во историјата на овие награди кој истовремено бил номиниран и во категоријата за најдобар странски филм.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Си играат со игротеките: па тие не ја дочекаа Владата и сами напишаа проткол за работа

Next Post

Треба ударништво во економијата, а не шминка

Реклама