Dark Mode Light Mode

Чичко ги малтретирал внукот и внуката, едното дете го врзал за дрво во Градски парк

Две деца биле малтретирани во Градски парк од својот чичко. Имено, Обвинителството бара притвор за 46-годишник кој ги малтретирал своите внуци.

Според информациите во јавноста, настанот се случувал вчера во Градскиот парк.

Чичкото, кога мајката на децата му ги оставила за да ги надгледува, едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стебло на едно дрво. Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила да му подаде шише за да се напие течност. Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.

Реклама

Посетител во паркот го забележал настанот и снимил видео, по што случајот го пријавил во полиција.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомничениот, можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз децата со кои е во крвно сродство, како и поради можност да го повтори делото.​

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се потешки последици од вирусот: 12 пациенти починале, 132 лица се новозаразени

Next Post

Само за последните десет дена починаа 76 пациенти, ќе се бара ли помош?

Реклама