Dark Mode Light Mode

Вториот бран не слабее: Осум пациенти починале, 134 новозаразени – повеќето во Скопје

Во последните 24 часа се направени 1173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерство за здравство.

Најмногу од заболените како и во изминатове денови се од Скопје – дури 97, а потоа следат Куманово 5, Прилеп 1, Тетово 11, Струга 3, Велес 1, Битола 1, Кавадарци 1, Крушево 2, Валандово 1, Кратово 1, Кичево 2, Ресен 7 и Неготино 1.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г). Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем, се наведува во информацијата.

Реклама

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од:Скопје 6, Куманово 23, Прилеп 2, Тетово 1 и Велес 2

– Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331, наведува Министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на ковид -19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Градскиот парк стана шеталиште на марихуана, приведени нови четворица скопјани

Next Post

Бројката на починати од вирусот стаса до 201, најголем дел се со претходни заболувања

Реклама