Dark Mode Light Mode

Странците ќе можат да транзитираат низ Македонија

Владата на синоќешната седница го донесе Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија, кој утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на државава можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, да ги користат следните гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и на аеродромот во Скопје.

– Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу пет часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот, стои во владиното соопштение.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тројца ја избегнале изолацијата, 845 лица не носеле маски

Next Post

Медицински сестри и техничари од Кочани доаѓаат на помош во Инфективна во Скопје

Реклама