Dark Mode Light Mode

Што ќе одлучи Владата за полицискиот час во неколку општини?

Полициски час од 22 часот па до 05 часот изутрина следниот ден што го предлага Комисијата за заразни болести или поинаков режим на заштита од ширењето на корона вирусот, се опции за кои денеска ќе се изјасни Владата. Комисијата вчера како што пренесоа медиумите предложи ограничувањето да важи за неколку општини – Скопје, Штип, Тетово, Куманово и неколку околни општини кои што се актуелни жаришта на корона ворусот. Порастот на бројот на заболените е загрижувачки и тој во последниве денови константно се движи меѓу 100 и 200 новозаразени лица.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека охрабрува тоа што околу 65 проценти од заболените во најголемото жариште – Скопје – се поврзани со познати случаи, а од нив 90 проценти се од 41 познат кластер во градот. Но, тој изрази стравување од ново зголемување на заболените како резултат на непочитувањето на превентивните мерки.

-Непочитувањето на мерките за заштита е главна причина за заразувањата. Сега, една свадба со стотина гости, која се одржала во домашни услови на крајот на мај, би можело да биде причина за потенцијален нов кластер на поголем број заразени со коронавирусот во земјата. Сега тука имаме за жал, позитивни, заразени. Овие денови интензивно ќе се прават анкетите на гостите, потенцира Филипче.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Малку сонце, малку облаци, малку дожд

Next Post

Скоро 1.000 лица казнети за неносење заштитни маски, 6 изолирани не биле дома...

Реклама