Dark Mode Light Mode
Им се здосадило на сообраќајните знаци па прилегнале исто како и службите
И на празникот нема одговор: Кога ќе се заврши црквата Свети Константин и Елена на улица „Македонија“?
Расте бројот на изолирани и самоизолирани лица

И на празникот нема одговор: Кога ќе се заврши црквата Свети Константин и Елена на улица „Македонија“?

Православните христијани денеска го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена, еден од поважните верски празници. Празникот е воспоставен во спомен на царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството. Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи – рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Споменот на овие големи светители во Скопје се чуваше и со старата црква „Свети Константин и Елена“ со храмот кој беше подигнат во 1926 година. Во земјотресот во 1963 година црквата имала оштетувања кои не биле сериозни за да биде урната, но на почетокот на 1970-тите години храмот бил миниран за да се изгради Градскиот трговски центар.

Во 2012 година на централната градска улица „Македонија“ се почна со градба на новиот храм кој ќе го носи име на овие светители. Меѓутоа, и по осум години од почетокот на градбата оваа црква се уште не е завршена. Лимените тараби околу градбата на црквата се уште стојат и одземаат речиси третина од улицата „Македонија“ во нејзиниот централен дел.

Реклама

Најголемиот дел од овој храм е веќе завршен но, сега откако работите се доближија до крај, никако и да завршат. На ограденото градилиште со месеци нема никој, не се работи, така што се поставува прашање дали и кога скопјани ќе ја добијат обновената црква. Причина за ова е недостиг на финансиски средства кои никако да се соберат. Претходно, објектот се градеше со донациите од граѓани и фирми.

Од Скопската епархија на МПЦ-ОА нема најави кога храмот би бил завршен ниту дека ќе се иницира некоја акција за собирање на средствата. А за тоа е крајно време бидејќи е недостојно храмот на овие светители во центарот на градот да стои незавршен.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Им се здосадило на сообраќајните знаци па прилегнале исто како и службите

Next Post

Расте бројот на изолирани и самоизолирани лица

Реклама