Dark Mode Light Mode

Советот за безбедност ќе заседава за можно продолжување на вонредната состојба

Одлука дали во Македонија и натаму на сила ќе биде вонредна состојба денеска ќе ја разгледа Совет за безбедност. Ова тело на пладне ќе заседава во кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски. Доколку биде препорачана одлука за продолжување, таа ќе биде четврта по ред. Претходно, претседателот на државата Пендаровски донесе две одлуки за воведување на вонредна сосотојба во траење по 30 дена и една од 14 дена.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Филипче вчера изјави дека ставот на Комисијата за заразни болести е дека вонредната состојба треба да продолжи. Во претпладневните часови треба да се одржи вонредна владина седница на која треба да биде одлучено дали Владата ќе предложи продолжување на вонредната состојба. Вицепремиерката и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска, синоќа изјави дека нејзин личен став е дека со оглед на тоа што вонредната состојба значи поголема оперативност и можност за дејствување, таа теба да се продолжи.

Реклама

По завршувањето на седницата, се ошекува претседателот Стево Пендаровски да соопшти што е одлучено.

Одлуката за продолжување на вонредната состојба е поврзана и со договорот на партиите околу одржувањето на парламентарните избори. Овој договор се уште не беше постигнат а загрижувачкиот пораст на заболените од корона вирусот состојбата уште повеќе ја комплицира. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Претпладне променливо сончево, попладне дождливо со грмежи

Next Post

Откако го разрешија муфтиите, Реисот Реџепи се повлече од поглавар на ИВЗ

Реклама