Dark Mode Light Mode

Зошто брзо се врати бесплатниот автобуски превоз за пензионерите?

Од денеска пензионерите ќе можат пак бесплатно да се возат во вторник, петок, сабота и недела. Бројот на заболени кој за жал е во постојан пораст не ја спречи ваквата одлука на Јавното сообраќајно претпријатие, оти, како што велат пресекле заедно со надлежните инволвирани во борбата со Ковид 19. Оцениле дека ова ќе ги олесни патиштата на реализација на потребите на пензионерите, но и веруваат во самосвесност на граѓаните да се заштитат себе си.

Укинувањето на бесплатниот превоз се случи во време на стартот на вонредната состојба, но само привремено оти од денеска веќе не важи. Комфорното однесување на надлежните во време кога епидемиолошката крива расте, а бројот на заболени се зголемува, предизвикува загриженост кај граѓаните.

-Пензионерите се најкритичната група, а бројките покажуваат дека заразата се шири, која е основата да се врати бесплатниот превоз? Што ако нагло експлодира бројката на новозаразени, па нема доктор кој деновиве не рече дека не смее близина, метеж, собирања во затворено… Изгледа не знаете како изгледаат автобусите во вторник, петок, сабота и недела?!, пишуваат скопјани на електронската пошта на „Скопско ехо“.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Клекна до заклучениот велосипед и за 4 секунди го украде среде Скопје

Next Post

„Нов светски поредок“ подарок од словенечките уметници за Македонија

Реклама